БМВ Мото Клуб Македонија

БМВ Мото Клуб Македонија е основан во Јуни 2017 како иницијатива на љубителите на овој бренд од целата територија на Р.Македонија. Клубот е со седиште на бул.Партизански Одреди 19 дијадема А2 локал 4 – Скопје, Македонија.
До сега, во нашиот клуб членуваат возачите на моторциклисти, но овој клуб е добродојден за секој оној кој има желба и интерес од живот на две тркала и оние со констуктивни идеи, за доброто на сите Нас.
БМВ Мото Клубот Скопје се занимава со сите активности во мото трки, мото турнеи, промовирање и ширење на културата на возење, и притоа земајќи активно учество во спортски натпревари, авантуристички турнеи, и класични активности.
Клубот е член во Мото Федерација на Македонија, а преку нејзе членува во Меѓународната Мото Федерација ФИМ, организира патувања и собири за своите членови согласно годишни планови. Членови од БМВ Мото Клуб Македонија ќе бидат дел во годинешниот собир на БМВ Моторад, кој ќе се одржи во Гармиш - Германија.
Редовните неделни состаноци се одржуваат секој Вторник во кафе бар ГО- КАРТ во близина на ВИП Арена во Скопје. Клубот брои 30 членови.

Претседател: Горан Јандреоски,
Секретар: Зоран Јаневски
БМВ Мотоклуб Македонија
Жиро-сметка: 270 072008700182, Халкбанк Скопје
ЕМБС: 720087
ЕДБ: 4057017537047

Годишната членарина за 2018 година изнесува 3.100 ,00 денари ,а еднократна уписнина е 1.200,00 денари
Уплатата на членарина и уписнината за членство се исклучиво на жиро-сметката на клубот (наведени погоре).
Плаќањата може да ги вршат само членовите кои го продолжуваат членството од претходната година, други мора повторно да побараат влез според наводите во делот стани член.
Во прилог на плаќање, за да може членството да биде валидно, потребно е да ги пополните вашите податоци во апликацијата која е во прилог тука.